Центар за психологија и психоедукација · Скопје

Сојузник на вашето ментално здравје

Внатрешната алхемија е процес на свесна трансформација — преобликување на мислите, чувствата и уверувањата кон подлабоко саморазбирање, емоционална зрелост и прилагодливост на животните предизвици.

2024 Година на основање
0 Форми на поддршка
0 Доверливост
Марија Грубор — психолог и основач на Центарот за психологија Алхемиа

За нас

Никогаш не е доцна за внатрешна обнова

Ние сме многу повеќе од своите тешки мисли, чувства и одлики. Секој заслужува благосостојба — а најдобриот момент да се запознаеме себеси подобро е секогаш сега.

Центарот за психологија и психоедукација АЛХЕМИА — Скопје е здружение на граѓани формирано во 2024 година, со цел унапредување и заштита на менталното здравје и благосостојбата на поединците и заедницата.

Марија Грубор

Дипломиран и лиценциран психолог · психодрама психотерапевт под супервизија

Долгогодишно искуство во психолошко советување, јавна психоедукација, психодијагностика и личен развој.

  • 01 Достапна грижа за менталното здравје за секого
  • 02 Простор без осуда и предрасуди
  • 03 Заедничко создавање одржливи промени

Улогата на психолошката поддршка

Да побараш помош не е слабост —
тоа е храброст

Кога менталното здравје изгледа како лавиринт без излез, не мора да поминете низ него сами. Целта на психолошкото советување е да ве поддржи подобро да си помогнете себеси.

Разбери се себеси

Јасност за тоа што ви се случува и зошто — прв чекор кон промена што трае.

Зајакни капацитети

Вештини за справување со стрес, тешки емоции и животни премини.

Делувај превентивно

Не мора да чекате криза. Клучен дел од работата е грижата во „затишјето“.

Како можеме да ви помогнеме

Три патеки кон благосостојба

01

Психолошка поддршка

Индивидуално

Општа форма на помош фокусирана на безбедна средина каде можете слободно да ги изразите своите емоции и да добиете разбирање и валидација.

  • Активно слушање и сочувствување
  • Намалување на стрес
  • Чувство на прифаќање
Закажи
Најбарано 02

Психолошко советување

Во живо или онлајн

Структуриран процес на истражување, разбирање и решавање конкретни предизвици — со фокус на свесност за себе и саморегулација.

  • Стратегии за справување
  • Поставување и следење цели
  • Вештини за личен раст
Закажи
03

Групни работилници

Групно

Искуствени и психоедукативни програми на теми како ментална хигиена, емоционална регулација и личен развој низ креативен израз.

  • Редовни или еднократни циклуси
  • Мали, безбедни групи
  • Креативни методи и психодрама
Пријави се

Во добри раце сте

Кому е наменета
поддршката?

Кои и да се вашите потреби, професионалната психолошка поддршка е тука за да ви помогне да ги размрсите заплетканите нишки.

Разговарај со нас
  • Анксиозност и вознемиреност
  • Стрес и исцрпеност
  • Ниска самодоверба
  • Тага и загуба
  • Односи и граници
  • Животни премини
  • Слика за телото
  • Мотивација и цели
  • Себеистражување
  • Емоционална регулација

Нашиот пристап

Заедно остваруваме
одржливи промени

  1. 01

    Прв контакт

    Пишете ни преку формата. Одговараме со слободни термини и одговори на вашите прашања.

  2. 02

    Воведна сесија

    Се запознаваме, ги мапираме потребите и заедно дефинираме што сакате да постигнете.

  3. 03

    Процес на работа

    Редовни средби со јасен фокус — во живо во Скопје или онлајн, како што ви одговара.

  4. 04

    Самостојност

    Ги вградувате новите вештини во секојдневието и продолжувате со сопствени ресурси.

Можеби не можеме да го контролираме животот, но секогаш имаме пристап до контрола врз себеси — врз сопствените реакции, избори и однесувања.

Алхемиа · Центар за психологија

Чести прашања

Она што
најчесто ве интересира

Не го најдовте одговорот? Пишете ни — со задоволство ќе појасниме.

Постави прашање

Не. Психолошката поддршка е корисна и превентивно — за подобро себеразбирање, јасност или справување со секојдневен стрес. Не мора да чекате криза.

Индивидуалните средби обично траат до 60 минути. Динамиката и бројот на средби ги договараме заедно, според вашите потреби и цели.

Да. Сѐ што ќе споделите останува меѓу вас и вашиот психолог, во согласност со професионалните и етичките стандарди на струката.

Да. Психолошкото советување е достапно и со физичко присуство во Скопје и во онлајн формат — изберете го она што ви е попристапно.

Поддршката создава безбеден простор за изразување, разбирање и олеснување. Советувањето е поструктуиран процес насочен кон конкретни предизвици, цели и вештини.

Пополнете ја формата за контакт подолу или пишете ни на социјалните мрежи. Ќе ви одговориме со слободни термини и сите потребни информации.

Секогаш тука за вас

Сакаш да закажеш
или имаш прашање?

Ве охрабруваме да ни ги поставите сите прашања од областа на психологијата кои ве мачат или инспирираат. Ви благодариме на довербата.

  • Локација

    Скопје, Северна Македонија

  • Термини

    Понеделник – Сабота, по договор

  • Формат

    Во живо и онлајн сесии