Разбери се себеси
Јасност за тоа што ви се случува и зошто — прв чекор кон промена што трае.
Центар за психологија и психоедукација · Скопје
Внатрешната алхемија е процес на свесна трансформација — преобликување на мислите, чувствата и уверувањата кон подлабоко саморазбирање, емоционална зрелост и прилагодливост на животните предизвици.
За нас
Ние сме многу повеќе од своите тешки мисли, чувства и одлики. Секој заслужува благосостојба — а најдобриот момент да се запознаеме себеси подобро е секогаш сега.
Центарот за психологија и психоедукација АЛХЕМИА — Скопје е здружение на граѓани формирано во 2024 година, со цел унапредување и заштита на менталното здравје и благосостојбата на поединците и заедницата.
Марија Грубор
Дипломиран и лиценциран психолог · психодрама психотерапевт под супервизија
Долгогодишно искуство во психолошко советување, јавна психоедукација, психодијагностика и личен развој.
Улогата на психолошката поддршка
Кога менталното здравје изгледа како лавиринт без излез, не мора да поминете низ него сами. Целта на психолошкото советување е да ве поддржи подобро да си помогнете себеси.
Јасност за тоа што ви се случува и зошто — прв чекор кон промена што трае.
Вештини за справување со стрес, тешки емоции и животни премини.
Не мора да чекате криза. Клучен дел од работата е грижата во „затишјето“.
Како можеме да ви помогнеме
Индивидуално
Општа форма на помош фокусирана на безбедна средина каде можете слободно да ги изразите своите емоции и да добиете разбирање и валидација.
Во живо или онлајн
Структуриран процес на истражување, разбирање и решавање конкретни предизвици — со фокус на свесност за себе и саморегулација.
Групно
Искуствени и психоедукативни програми на теми како ментална хигиена, емоционална регулација и личен развој низ креативен израз.
Во добри раце сте
Кои и да се вашите потреби, професионалната психолошка поддршка е тука за да ви помогне да ги размрсите заплетканите нишки.
Разговарај со насНашиот пристап
Пишете ни преку формата. Одговараме со слободни термини и одговори на вашите прашања.
Се запознаваме, ги мапираме потребите и заедно дефинираме што сакате да постигнете.
Редовни средби со јасен фокус — во живо во Скопје или онлајн, како што ви одговара.
Ги вградувате новите вештини во секојдневието и продолжувате со сопствени ресурси.
Можеби не можеме да го контролираме животот, но секогаш имаме пристап до контрола врз себеси — врз сопствените реакции, избори и однесувања.
Алхемиа · Центар за психологија
Чести прашања
Не го најдовте одговорот? Пишете ни — со задоволство ќе појасниме.
Постави прашањеНе. Психолошката поддршка е корисна и превентивно — за подобро себеразбирање, јасност или справување со секојдневен стрес. Не мора да чекате криза.
Индивидуалните средби обично траат до 60 минути. Динамиката и бројот на средби ги договараме заедно, според вашите потреби и цели.
Да. Сѐ што ќе споделите останува меѓу вас и вашиот психолог, во согласност со професионалните и етичките стандарди на струката.
Да. Психолошкото советување е достапно и со физичко присуство во Скопје и во онлајн формат — изберете го она што ви е попристапно.
Поддршката создава безбеден простор за изразување, разбирање и олеснување. Советувањето е поструктуиран процес насочен кон конкретни предизвици, цели и вештини.
Пополнете ја формата за контакт подолу или пишете ни на социјалните мрежи. Ќе ви одговориме со слободни термини и сите потребни информации.
Секогаш тука за вас
Ве охрабруваме да ни ги поставите сите прашања од областа на психологијата кои ве мачат или инспирираат. Ви благодариме на довербата.